lirik.web.id
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

lirik lagu martix – кашата прашлива

Loading...

мислев сум создаден за работи кои глупи сe
фрли го ѓубрето мартин, мислев се викам купи леб
штрчејќи во групите без разлика на возраста
најдобро си играв сам со мозокот кој создава
можев да измислам сѐ, ликови кои не постојат
нивната игра проѕирна – мојата стослојна
во војна со умот, кој и денес не е поблаг
се плашев мисли да не ги пишува во стрип облак
болно дробат, непознатото ме гребеше
во мојата соба која детска никогаш не беше

мисли се бегство, лутав по млечни патишта
детство во туѓите износени алишта
но ја голтав реалноста, нудеше каша прашлива
сркав и молчев, но морав да напишам !
да измислам машина за да не ги плашат пак
моите дома со закани лоши за уво ко клавир раштиман
моли за љубов каде немаштија маршира
претесен кафез а крилја, морав да раширам!

велеа: следи го сонот, живеј го секојден
но во синџир пеколен за да е секој плен
кашата невкусна, сега е повеќе густа
во уши наши од нивна уста зборови без чувства
така нѐ касапат месари зад катедрата
влези внатре, но остави го мозокот пред врата
бегам од светот и ги кревам едрата
водам љубов со сирена која има мед на бедрата

порција полна, за толпа наша плашлива
на која вкусот одвратен е навика
која мрази да голта каша прашлива
но ако остане за дома им го завиткај!
нема избор, оброк никој не одвраќа
гладта е страшна, прво јади па повраќај
најдолу на пирамидата што ја направија
оние кои на врвот стрвно јадат кавијар!

има многу начини каша да чини зачини
помеѓу толпи мрачни, мораше мојот да зрачи лик
маченик при избор меѓу стих или сон
да ја најдам вистинската помеѓу грешни милион (мислата.)
кога ја нема сум ситен, а болот стален
но кога стих врз лист е тогаш сум колосален
доаѓа доцна па панично лист барам
со љубов каша варам брзам мисли да не испарат

сакам да сум повеќе од име на некрологот
запаметен ко ретро лого, нешто ретко добро
не сакам храна на гробот, разделете го лебот
сакам стихови од бодлер и слушалките во џебот
зошто можеби се патува пешки
звуци се пожелни, мислите ми се тешки
смешни сте ако мислите смртта крај е навистина
таа е длабок сон, а животот е песна приспивна

бегам од сцена потресна, во уши свири словенска
каде што одам…кашата прашлива, каша е овесна


Lirik lagu lainnya:

LIRIK YANG LAGI HITS MINGGU INI

Loading...