lirik.web.id
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

lirik lagu divizija – shpato

Loading...

[интро]
за нас почнува живот со ново име и нова страст!
за нас почнува живот…

[строфа 1: кискин]
чудна ствар е како егото и небото
во рима ќе се вклопат, а се без взаемна точка
колку и да си најголем спуштајќи глава надоле
твојата борба резултира со пораз
така ја напуштив мојата дома
барајќи корка меѓу фазла нации
демек таму нема милион санкции и начини да заглавиш
и дека полесно пари ќе направиш

[рефрен]
за нас почнува живот
конечно мислев дека..
за нас почнува живот
ако заминам еднаш

[строфа 2: кискин]
а исто е ко дома сиво
само тука немаш ништо освен чекот во плико
слушајќи опера во крикот…
скептик сам во животот сум пилот
деветте кругови се тука
пуста судба, чудна, глупа бука во градиве чука
а морам позитивно да гледам
па ако е сега денот пред да ме снема јас ќе си речам…

[рефрен]

[строфа 3: да џака накот]
со километри илјадници од родната грутка
голтам кнедла со плунка
жив човек не познавам тука
од 8 до 8 да не видиш бел ден и копаш
и дома сум копал но ме третираат ко стока
200 ебени евра овде ги зиам за два дена
нема партии, религии, секој си брка своја тема
нема “добар ден” на улица, оттуѓен свет
гледа само низ призма на кеш, млеко и мед
свој интерес секој, нема кај сосед на кафе
прв комшија ми е арап по потекло сирјанец
шетам низ паркот дур паѓа снегот надвор
мислам на блиските, солзата мрзне на ладното стакло
ги бришам очилата, стегам заби, длабок воздиш
барем овде сум со достоинство на човек, да ми простиш
брате поздрави ги сите, од мене sms
од господ повеќе, дишам воздух слободен

[рефрен]


Lirik lagu lainnya:

LIRIK YANG LAGI HITS MINGGU INI

Loading...