lirik.web.id
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

lirik lagu divizija – hip hop, znachi postojam

Loading...

[строфа 1]
ова е проза и поезија, драма и опресија на мозокот
ко прозак со секоја следна сесија
опсесија и зависност, протонот во јадрото на
атомот на водород во молекул на н2о
немир и хармонија потскриена во потсвеста
водата во сушата, исто ко душата на
новороденче, кое се му е непознато
и не знае за грев и љубовта му е се
ова е магија, overdrive на умот состојба
толку е автентично, не може да се копира
ова е звукот од спрејот кога лизга од дизната
звукот кога винилот се лепи на иглата
спаринг на бина или кабина кај шо снимаш
лириковна герила во battle да видат сила
лоботомија на мозокот фитил и искри
ел комбо ла перфекто, кискин и rickbeatz

[рефрен]
јас сум хипхоп значи постојам!

[строфа 2]
ова е секта и религија, ова не прибира
листот го впива мастилото, моја библија
ова е страст посилна од секс
во добра мисија ко уницеф и е унисекс
садомазохизам на ритам
знаењето на универзумот и по него се што скита
па чаша горе за нашите предци
и тие што следуваат нека бидат вечни
за днс, арената, за чиста, за легија
за саф, титаниум и подземан ефекат брат
бц генерација, авторизација
зад аголот, реалити и штип хоп е таа нација
а дивизија е уште еден уникат
втора шанса на повидок, и еве не пак
за културава што заедно не сплотува
јас сум хип хоп, значи постојам!


Lirik lagu lainnya:

LIRIK YANG LAGI HITS MINGGU INI

Loading...