lirik.web.id
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

lirik lagu toše proeski – место на злосторот (mesto na zlostorot)

Loading...

[текст за песната “место на злосторот”]

[строфа 1]
ти кажав сè до збор, од а до ш
и не ми е дури ниту малку гајле
си кажавме и цел куп глупости
се каравме цела вечер до сабајле
ќе можеш ли без гнев да разбереш
ќе сфатиш ли ти си лето јас сум зима
и ноќите од жал овенале
за љубовта тука нема здрава клима
[пред~рефрен]
а решен бев јас само за тебе да гинам
и илјада и една милја пеш да минам
ќе направев да имаш сè што посакаш

[рефрен]
дај, разбуди се, го нема сонот на вљубените
и оди си, ти чувам место во спомените
но некогаш тргни низ времето и просторот
и дојди на место на злосторот
на злосторот

[строфа 2]
ти кажав сè до збор од а до ш
и не ми е дури ниту малку гајле
си кажавме и цел куп глупости
се каравме цела вечер до сабајле
ти кажав сè и крај не мачи ме
и дека сум сега веќе без дилеми
не моли ме и дај откачи се
и оди си, само оди без проблеми

[пред~рефрен]
а решен бев јас само за тебе да гинам
и илјада и една милја пеш да минам
ќе направев да имаш сè што посакаш
[рефрен]
дај, разбуди се, го нема сонот на вљубените
и оди си, ти чувам место во спомените
но некогаш тргни низ времето и просторот
и дојди на место на злосторот
на злосторот

[рефрен]
дај, разбуди се, го нема сонот на вљубените
и оди си, ти чувам место во спомените
но некогаш тргни низ времето и просторот
и дојди на место на злосторот
разбуди се, го нема сонот на вљубените
и оди си, ти чувам место во спомените
но некогаш тргни низ времето и просторот
и дојди на место на злосторот