lirik.web.id
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

lirik lagu ld pistolero - proshetka

Loading...

[строфа 1]
одамна не сум прошетал низ градов
додуша не сум прошетал ни нешто многу надвор
се осеќам ко затворен во триаголен затвор
да издржам неминовно употребувам напор
и така тргнав полека по патот
без вртење зошто на волкот дебел му е вратот
го пројдов мостот што со вас патиштата ги дели
во исто време и ги спојува парадоксално, нели?
некои населби се уште исти цели, црвени и бели
зградите во кои се вселив ко чист челик
растев како сите други тука
во меѓувреме климата се смени почна на психа да пука
луѓево се чудни, гледаат чудно и ќутат
а поглед издава ко нешто позади грбот да мутат
треба ли да се направам мутав?
велат сите така најлесно се проаѓа тука
мене ме пука брука
помисла на такви ствари
видов другари стари
се расправаа за ливчиња и некои ситни пари
им реков здраво, па продужив право
за накај центарот за да се помешам помеѓу народ
време помина, веќе сменив општина
имам филозофски пристап према скопје своја доктрина
некад го мразам ама и го сакам
би можел целодневно без никаква цел да акам, ме сфаќаш?
отровен воздух го дишам
нивото на загаденост е највисоко па да пишам
гас маски носат да се заштитат
ебати раатот кога не можам ни да се наскитам
настинат, движам брзо како да ме брка
некој што со сила сака да направи фрка
кај што ја нема, кај што ја бара
таков е градов чим е без пара
замара само за да те потсети што тука бараш
(водата да е мастило а небото хартија
нема да можам да ја опишам целата гомнарија)

[строфа 2]
го слушам здивот на градот на mp3
тие стихови, место причи шатро евтини
надвор е ладно, па капа на главата ставам
еден од дома го правам, првата прилика палам
центарот е нешто чуден во последно време
користам супстанци за да гледам како што ми одговара мене
завртев круг филингот луд
кога те јаде срамот туѓ место да го јаде друг
кој е планот?
лабав им е ставот
ист како на сури дента кога си го запали станот
да бидам краток, доста метафори
во „каша“ кажав се за градот нема веќе што да се збори
тргнав по кејот, ми мириса уште на струја спрејот
ми фали што не е тука вака комуницирам со него
паркот е лево ме, остава секогаш зинат
сите испиени вина, првиот настап на green out
ај да беше стрела песнава
мојата генерација во срце да ја застрелам
ветер ме шиба ко славиша
но не ми смета фурам даље
зошто на студот одамна сум се навикнал, да
за скопска прича нетреба многу
понекогаш е среќен крајот некогаш е само збогум
мојов уште не е дојден, а време пројде
тргам назад накај хромот зошто доста ми беше од скопје (ха!)
искрено лажам
контрадикторно би звучело за него што и да кажам
зошто го љубам, верувај ми, се му дадов
и кога надвор би бил јас уште ќе го пејам мојот народ
моите луѓе и се што преостанува
ќе копнеам по подобро и се што не достасува
за тебе, за нашите деца неродени
без разлика каде ќе растат да знаат за својте корени!


Lirik lagu lainnya:

LIRIK YANG LAGI HITS MINGGU INI

Loading...