lirik lagu divizija - sho bia?
[кискинов]
целиот мој живот пеш движам
минав лавиринти, сепак нема кај што не стигнав
успехот не би го мерел колку ќе продадам, и кој што кажал
туку токму на колку рака ќе подадам
балансирам
иднината ја живеам сега, минатотото го реставрирам
стариот печат да го има
и древните мудрости како модерни завери да ги впијат
ова сфати го ко слика
мисловен процес низ звучни бранови допира
дел од мене што останува временски споменик
вечно како стихови од шекспирови новели
и да лично не се знаеме
стереотипот е скршен и сега знаеш дел
и штом ме сретнеш кажи шо има?
како оди брат, кажи шо биа?
[рефрен]
кажи шо има? (шо има?)
како оди брат, кажи шо биа? (шо биа?)
кажи шо има? (шо има?)
ако ова допира
кажи шо пијат?
[бандит]
а кој си ти да ми кажеш кој сум јас?
и дали има потреба на вас да се објаснам?
кога знам дека сам можам се да сработам
за моето да биде мое, не е алчност, немам срам (не!)
…ни грам, чекај, од одговорност не се бега!
“ај ќе правиме диверзија, скришум пополека”
не! тоа не би можел никогаш да бидам
сам би ги извадил очиве мои подобро да видам
но некогаш е темно, и маглата е густа
се чини ко мед да тече од уста погана пуста
а ние висиме од крстот, за туѓите гревови
и не смееш да покажеш со прстот
крајниот исказ се мери штом им покажеш сила
толку само мила ко да наша никогаш не била
и штом ме сретнеш кажи шо има
како оди брат, кажи шо биа?
[рефрен]
кажи шо има? (шо има?)
како оди брат, кажи шо биа? (шо биа?)
кажи шо има? (шо има?)
ако ова допира
кажи шо пијат?
[киндер]
од самиот старт не очекувам ништо
освен во душата мирот за да е напишан текстот
од кога памтам за мене на дожд солзи кријам
со една рака грубо тријам другата ја мијам
заборави ме – ако не сакаш да се поздравиме
зошто таму сме кај што се тура сол на раните
го чекам денот кога ќе дојде да се поправите
но изгледа црни ви се мисли како враните
а штом дадеш се – имаш ли за другите?
кругот е се помал и во него само дружите
синџир од претпоставки во рацете го топиме
штом во друштво на клупата пак ќе се најдеме
градот како долна маица на грбот го носиме
кожа ми е ѕид – графити се тетоважите
ако ова допира – кажи ми шо има
како оди брат кажи киндер шо биа?
[рефрен]
кажи шо има? (шо има?)
како оди брат, кажи шо биа? (шо биа?)
кажи шо има? (шо има?)
ако ова допира
кажи шо пијат?
[chronic]
ист е правецот, исти е пламенот
ништо позајмено, ниту пак дадено – како да биде заборавено?
кога тоа што го даваш е дел од тебе
баш цело време никогаш доста не ти е
втора шанса направи стереотип да постои
се или ништо за подобар ден до вечност сме подготвени
ланецот во рака нека претерат чим сакат
па против сите одиме ко тазичот и џака!
сме школата во струмица, југот македонија
го знаеш нели звукот по кискинова симфонија
отвори ја кутијата пандорина не има петмина
но сме ко стотина, делуваме во еднина
историја, и сме вечни како мастило на кожа
нека застанат чим можат ама нема кој
па штом ме сретнеш кажи шо има
како оди брат, кажи шо биа?
[рефрен]
кажи шо има? (шо има?)
како оди брат, кажи шо биа? (шо биа?)
кажи шо има? (шо има?)
ако ова допира
кажи шо пијат?
Lirik lagu lainnya:
- lirik lagu souly had - atari
- lirik lagu giggs - always on the rebound
- lirik lagu molesta - tak się nie robi
- lirik lagu leaf - gone
- lirik lagu jake miller (ja ke) - ima drug
- lirik lagu luvrboy - 8 bands
- lirik lagu jackson harris - midnight memories
- lirik lagu gábe - espelhos
- lirik lagu dyno - tu veux que je fasse quoi
- lirik lagu marnero - tanto ride tanto piagne