lirik lagu alfa - okolu nas
[строфа]
во воздухот е пуштен вирус, твојот прозор е отворен ширум
дишеш омраза и гнев а не си имун
затоа секој ти мисли како да те искористи
но ти не знаеш дека сите се исти
секое лошо со лошо се враќа
а сите добри луѓе патат од злоба на човек гнаса
значи живееш да умреш од мака
а сакаш да бидеш сакан и бараш љубов
најблизок човек да ти го цени трудот, пишуваш од мучно чувство
crew-то тука е во кругот, пекол
сме сместени на место каде не знаат за доста
каде веќе не почитува копук постар
и се си има цена, скапо кошта, па сечеме катанци во ноќта
и бираме сами правци кога немаме патоказ во животов поган
позади толпа те гонат, на лево се мота
а десно некој се роба и вика „дојди, пробај“
право е улица слепа
секоја фаца чека да бидеш и ти на тие места
ти да си џанак и тепач, ти да си коцкар и сељак..
а кога друг избор нема, кај ќе тераш?
улиците се тешки и темни, луѓето на нив во џеб се тенки
местенки, кога во џебот носиш штрафцигер и клешти
пејат песни кај некој што куца
од прва рука инфо дека правиш кеш од лепирука
во затворен дуќан, во празна куќа
дека си украл, па кога се нема, мора да опстанеш тука
а фацата на цајкан тера да плукаш
причината што мразиме џандар е поради секоја пишана казна
секоја семејна кавга што предизвикала тага на моите дома
се што ми остана е само прва постава на моите луѓе
се остало е ѓубре што сака никогаш да не видиш успех
колку да се трудиш, ретки се што ценат искрен труд
во книгата што пишувам за живот свртен лист е друг
и бараме правда во пекол
бараме пат во кој ќе пуштиме напреден чекор
на терен жежок со терет тежок
ова место прави да немаме цел
и се што си создал ќе умре кога тогаш
бори се за твојата земјина кора
никој тука не е добар, ова не е кошмар, ова е јаве
да знаеш дека кој тука растел, тука ѕидал карактер
заедно сте до дваес, после секој оди во различен правец
едни примаат плата, други уште висат
околинава се менува, не е ко некогаш што била
надвор секој бос и гол, носи нож за да те збрца
во случај на фрка за да прокрвариш од грклан
околинава таква е грда, стравот е голем ноќе после полноќ
каде на улицата господ е нарко босот
тука во смогот мириса лошо
ми треба одмор, ми треба одмор
Lirik lagu lainnya:
- lirik lagu lotfi double kanon - kleouha (they pillaged it) (english version)
- lirik lagu cey steele - blue
- lirik lagu young scooter - i don't bang
- lirik lagu fikka ganja - el khir w e'nia / الخير و النية
- lirik lagu mike mictlan - shux
- lirik lagu stanjay spartan - breath mint day
- lirik lagu jae-r - devil's pie
- lirik lagu re-up gang - sand solo
- lirik lagu karpe - farlig
- lirik lagu king versace - u gay like aids